Моника Белучи го вцрвени познатиот српски водител
Италијанската актерка Моника Белучи го отвори 45-тиот меѓународен филмски фестивал ФЕСТ, кој официјално почна со филмот на Емир Кустурица ” On the Milky Road “.
Главната актерка на остварувањето на Кустурица беше гостинка во познатата емисија на Иван Ивановиќ, каде зборувала за своите впечатоци за фестивалот, за својот прв српски филм, за соработката со Емир Кустурица како режисер и актер, а зборувала и за своите први чекори во светот на глумата.
На самиот крај од емисијата, Ивановиќ и го поставил прашањето: “како мажите треба да се однесуваат за да го привлечат вниманието на жените”, по што следеше, неочекуван одговор:
-Нека бидат како тебе, рече Моника, по што одговорот го изненади и вцрвени водителот Иван.
Набрзо потоа Иван низ насмевка искоментира „дека сега слободно може да умре и дека недела дена нема да излегува од дома”.
Ново на Сител
-
Еден убиен, четворица повредени во престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите
-
Пожарите во Малешевијата ги десеткуваа пасиштата
-
Климатските промени ги намалија приносите на мед