МОН: Не се укинува ниту историја, ниту една научна дисциплина, ќе се изучуваат поврзано

Министерството за образование и наука соопшти дека подготвува целосно нов модел на настава во кој ниту една научна дисциплина нема да се изгуби, туку ќе се смени концептот на кој учениците го изучуваат материјалот. Целта на овие реформи е, наведува МОН, ученикот да добие целосна слика за одреден настан или тема, а тоа ќе се постигне преку интердисциплинарен и интегриран пристап.
– На овој начин учениците подобро ќе ги разберат и запомнат темите кои ги изучуваат и притоа ќе ги развијат своите аналитички способности. Досегашниот модел на настава ги учи нашите ученици само на факти и не им овозможува да ги поврзуваат информациите и знаењата од различните дисциплини што ги изучуваат во основното образование. Ова го докажуваат и ниските рангирања согласно домашните и меѓународните истражувања и извештајот на ОЕЦД за нашата земја. Токму затоа е особено важно да се воведе учење преку истражување, преку кое ќе го подобриме образованието и ќе негуваме креативни и иновативни ученици, соопшти Министерството за образование и наука по реакциите од најавата дека историја нема да се изучува како посебен, туку како дел од општествени науки.
МОН во соопштението посочува дека новата концепција за основно образование е развојна и се подготвува врз основа на образовните модели што функционираат во повеќе европски земји, меѓу кои Словенија, Естонија и Финска и дека клучни за промените се и резултатите од меѓународните тестирања, домашните анализи, како и ставовите на наставниците, родителите и учениците кои, како што наведува – даваат јасна слика во која насока треба да оди нашето образование.
– Во овој момент во рамки на јавната расправа се дискутира за Концепт на образование, а не за конкретни наставни програми. При изработката на наставните програми ќе бидат поставени очекуваните резултатите од учењето, а врз основа на нив и содржините што учениците треба да ги совладаат од одделните научни дисциплини (историја, географија, граѓанско образование, итн). Во овој процес ќе бидат вклучени универзитетски професори, наставници од соодветните области и сите релевантни чинители, додава МОН во соопштението.
Ново на Сител
-

Полицаец пронашол марихуана на Тетовци па го нападнале
-

Ѓорѓиевски: Се реконструира улицата „Жил Верн“, продолжуваме да го уредуваме секој дел за побезбедна и поубава Кисела Вода и Скопје
-

Д-р Кузмановски мора да помине тримесечна обука и да полага испит за продолжување на лиценцата за работа, велат од Лекарска комора
-

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на вчерашниот ден подигнати 350 тони комунален отпад
-

Николоски: Касами да не се срами што Македонците во Тетово гласаа за него во првиот круг
-

Откриена лабораторија за производство на дрога во Неготино | ФОТО
-

Му кажале дека имаат сателитски снимки на кои се гледа дека во неговиот двор има злато, Кратовец олеснет за 11.000 евра
-

Индија со вештачки дожд ќе се обиде да го реши загадувањето на воздухот
