МОН изработи видео со протоколите за присуство во училиште
Министерството за образование и наука со поддршка на УНИЦЕФ и УСАИД изработи видео во кое се прикажани протоколите кон кои ќе треба да се придржуваат учениците, наставниците и родителите со враќањето на децата во училниците од први октомври годинава.
Видеото е веќе достапно на официјалните Фејсбук профили на МОН, на министерката за образование и наука Мила Царовска и на Фејсбук профилите на УНИЦЕФ и УСАИД.
– Оваа учебна година е поразлична од другите, бидејќи наставата ќе се одвива под посебни услови, но доколку сите се придржуваме до пропишаните протоколи лесно ќе се заштитиме од ширењето на вирусот. Придржувањето на протоколите ќе биде особено важно за децата на помала возраст од прво до трето одделение коишто ќе следат настава со физичко присуство, затоа е многу значајно на едноставен начин, чекор по чекор да им објасниме како ќе изгледа еден училиштен ден, велат од МОН.
Според протоколите на секое дете ќе му се мери температура при влез во училиштето, а децата ќе треба да држат растојание од најмалку 1,5 метар и да носат маски на лицето за време на целиот престој во училиштето, освен за време на оброкот и активностите на отворено. Предвидено е и почесто миење на рацете и проветрување на училниците.
– Заштитата од ширењето на Ковид-19 е заедничка одговорност на родителите, наставниците, учениците и на останатиот персонал, односно на сите нас. Само со придржување на протоколите сите заеднички ќе допринесеме да се заштитиме себе, нашите најблиски и целото јавно здравје, посочуваат од МОН. бак/мс/
Ново на Сител
-

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена
-

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
