МОН: Авторите на учебникот по Историја за 5-то одделение предизвиците требало да ги надминат со Националната комисија за учебници
Авторите и рецензентите на учебникот по Историја и општество за 5-то одделение, вината за направените грешки во содржината, неосновано ја префрлаат на МОН, велат од Министерство за образование и наука, потенцирајќи дека предизвиците требало да ги надминат во корелација со Националната комисија за учебници.
-Должни сме да информираме дека по направените измени во учебникот кои им се сугерирани од страна на рецензентите, авторите до Националната комисија за учебници на ЦД го имаат доставено учебникот заедно со допис во кој е наведено дека се работи за финална верзија, а рецензентите пак, имаат потпишано изјава дека нивните забелешки се имплементирани во истата, се наведува во соопштението од Министерство за образование и наука.
Оттаму посочуваат дека сите предизвици кои им настанале при изработката на учебникот, авторите и рецензентите требало да ги надминат со Националната комисија за учебници која е надлежна за спроведување на процедурата за одобрување на учебници.
– Членовите на комисијата, всушност преку гласање одлучуваат за прифаќање, односно неприфаќање на одреден учебник. Во случајов, одлучиле учебникот со грешки да биде прифатен, велат од Министерство за образование и наука.
Ново на Сител
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем