-->
-->
Момче во тело на старец: Поради ретка болест, старее 8 пати побрзо!
-->
Тинејџер кој боледува од ултра генетска болест, поради која изгледа како старец, ги победил сите очекувања на лекарите и неодамна го прославил 15. роденден.
Нихал Битл, кој живее во едно предградие на Мумбаи, страда од „Hutchinson-Gilford“ синдром поради кој телото му старее осум пати побрзо од нормално. Поради болеста нема коса, лицето и телото му се збрчкани, а неговите екстремитети ослабени. Тој тежи само 12,5 килограми.
Просечниот животен век за децата со овој сидром е 14 години. Многу од нив умираат од срцев удар, бидејќи оваа состојба обично влијае на луѓето постари од 60 години. Како резултат на тоа, децата со овој синдром умираат од срцев или мозочен удар на 10 години, дури и помалку.
Но, Нихал на 20. јануари ги гасел свеќичките на тортата за својот 15. роденден и стана најстарото дете во Индија, на кое му е дијагностициран овој синдром.
И покрај лошата здравствена состојба, тој оптимистички гледа кон иднината.
- Никогаш не почувствував дека ова е болест, бидејќи сум посебно дете. Мене ова ми е како дар од Бога, - вели Нихал.
Како и повеќето момчиња на негова возраст сака да игра компјутерски игри, а оние кои го познаваат велат дека е многу драго дете.
Тој престанал да оди на училиште, затоа што многу го задевале. Во наредните години, неговото тело ќе продолжи да старее но во умот ќе остане млад.
Во декември минатата година во истражувачки центар во Бостон на него испробале нов лек за кој се надевале дека ќе го забави стареењето, но ефикасен лек за овој синдром се уште нема.
Од овој синдром во светот боледуваат помеѓу 200 и 250 деца, пишува Дејли Меил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок