-->
-->
Момче тешко повредено во сообраќајка на патот Кичево-Гостивар
-->
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 13:10 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај Зајас.
Од МВР информираат дека несреќата се случила меѓу автомобил „Киа рио“, со охридски регистарски ознаки управувано, од А.И.(45) од Струга и товарно моторно возило „форд транзит“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф.(34) од с.Колари.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во товарното моторно возило, А.А.(21) од с.Зајас, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опозицијата планира коалиции – власта сака да ја намали разликата
-
ВМРО-ДПМНЕ побара поголема излезност на изборите за да се спречат црни сценарија
-
СДСМ: Нема откажување
-
Преглед на вести од светот
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија