Македонија
2. March 2020 - 19:52

Момче шутира мирно куче на игралиште во Куманово

На игралиште во Куманово во текот на вчерашниот ден се случил еден немин настан, откако двајца жители на Куманово се изживуваат со куче.

Очигледно е дека кучето, кое е со среден раст, не претставува опасност за двете момчиња, но едно од нив без никаква причина го шутира, додека пак другото момче целата ситуација на снима со својот мобилен телефон.

За ваквата постапка, според членот 33 од Кривичниот законик, следи казна затвор од една година.