Свет
5. May 2016 - 15:59

Могерини и Аврамопулос во посета на Приштина

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за бегалци Димитрис Аврамопулос денеска се во посета на Приштина, еден ден откако ЕК предложи укинување на визите за граѓаните на Косово.

- Горда сум на предлогот за либерализација на визите. Ќе отпатувам за Приштина поради прослава и поради понатамошниот пат напред, напиша Могерини на Твитер.

Предвидено е Могерини да се обрати на свечената седница во косовскиот Парламент и да се сретне со премиерот и претседателот Иса Мустафа и Хашим Тачи.