Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Гевгелија

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнало во Крушево, а најмалку во Гевгелија.
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за изминатите 24 часа, до седум часот утрово, во Крушево наврнало 24 литри на метар квадратен, 18 - Тополчани, 12 - Прилеп, Битола, 10 - Берово, 8 - Скопје - Петровец, Виница, Крива Паланка, Кавадарци, 7 - Маврови Анови, 6 - Претор, Демир Капија, 5 - Пожаране, Куманово, Лазарополе, Скопје - Зајчев Рид, 4 - Струмица, Тетово, Попова Шапка, Штип, 2 - Велес, Ѓуриште, 1 - Гевгелија.
Најниската минимална температура била евидентирана на Попова Шапка, а највисоката во Гевгелија. Според податоците на УХМР од утрово, 1 - Попова Шапка, 3 - Маврови Анови, 5 - Лазарополе, 7 - Крушево, Куманово, 8 - Прилеп, Тетово, Крива Паланка, Виница, 9 - Штип, Берово, Скопје - Зајчев Рид, Битола, 10 - Велес, Скопје - Петровец, Претор, Кавадарци, Струмица, Демир Капија, 12 - Гевгелија.
Времето денеска се очекува да биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Според синоптичарите, ќе дува умерен, долж Повардарието, засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Од УХМР информираа дека во Скопје, се очекува променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Ново на Сител
-

Хeмичaрот кoј дoби „Инжeнeрски прстен“ од државата | Кирил Христовски - ПМФ | Sitеl Pоdcаst 138
-

Најдобрата македонска кошаркарка стави крај на кариерата
-

ЕК објави список со предлози за дополнителни санкции против Русија
-

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег
-

ФФМ го казни својот поранешен претседател Сејдини поради финансиска измама
-

23-годишна кумановка со авотмобил удрила во 7-годишно девојче и тешко го повредила
-

Две лица, едниот од нив 18-годишник, извршиле тешка кражба во викендичка во Велес
-

Кривична за четири лица, меѓу кои двајца полицајци; за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат лични документи
