Пробив во податоците: ФБИ истражува напад врз информациските системи на Универзитетот на Пенсилванија

Универзитетот на Пенсилванија соопшти дека се обратил до Федералното истражно биро (ФБИ), откако до негови поранешни студенти и донатори биле испратени навредливи пораки преку електронска пошта.
Во изјавата на универзитетот се вели дека пробивот во базата на податоци ги погодил „избраните информациски системи“.
„Соработуваме со органите за спроведување на законот и други технички ресурси од трети страни за да го решиме проблемот што е можно побрзо“, се вели во денешното соопштение на универзитетот.
Електронската порака испратена до поранешни студенти минатиот петок, покажува дека некој, претставувајќи се како припадник на универзитетот, ја критикува институцијата како „елитистичка“, „невистинита“ и „целосно незаслужна“, користејќи и други, погруби изрази за опишување на персоналот и студентите.
Веб-страницата „Блипинг компјутер“ (Bleeping Computer), која се занимава главно со кибербезбедност, цитира непознато лице или организација, идентификувана само како „хакер“, која соопштува дека пробивот открил податоци за 1,2 милиони поранешни студенти и донатори на Универзитетот на Пенсилванија.
МИА
Ново на Сител
-

СВР Битола апелира битолчани да не наседнуваат на телефонски измами
-

ОЈО: Истрага за сообраќајната несреќа во која загина велосипедист
-

Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 121
-

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Прилеп - Росоман
-

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година
-

Родител пријавил дека неговата малолетна ќерка била допирана додека била на училиште
-

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат
-

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија
