Могерини: Еднаквост за сите без разлика на половиот идентитет
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска, по повод Денот на борбата против хомофобија, трансфобија и бифобија, изјави дека ЕУ силно ги зголемува еднаквоста и достоинството на сите луѓе, без разлика на нивната сексуална ориентација и полов идентитет.
- И покрај неодамнешниот напредок ширум светот, речиси 80 законодваства и натаму истополовите односи ги третираат како прекршок. Во многу места дискриминацијата и насилството врз лезбејските, хомосексуалните, бисексуалните, трансродните и интерсексуалните лица е секојдневна појава, предупреди Могерини.
Европската унија повторно ги повикува сите влади во светот да ги почитуваат своите меѓународни обврски на полето на човековите права, да ја отфрлат нетолеранцијата и да промовираат еднаквост, како што наложува Универзалната декларација за човекови права и другите инструменти, се додава во соопштението на Европската служба за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик