МОБ со претставата „Петар Пан“ гостува во Прилеп
Ансамблот на Македонската опера и балет вечер со балетската претстава „Петар Пан“ ќе гостува во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Претставата во кореографија на Џејмс Амар со почеток во 19 часот ќе биде изведена за учениците во основно училиште.
Публиката ќе има можност да ужива во одличната балетска претстава за деца на МОБ, во која се раскажува за лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М. Бери.
- „Петар Пан“ е приказна за палавото момче кое може да лета и одбива да расте. Го поминува своето детство во авантури на малиот остров Недодија, како лидер на неговата банка „Изгубени момчиња“ заедно со сирени, Индијанци, самовили, пирати и одвреме навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет, истакнаа од ЦК „Марко Цепенков“, напоменувајќи дека со овој проект на основците им се пружа можност да се запознаат со балетот како изведувачка уметност и да уживаат.
Сценограф на балетската претстава за деца е Зоран Крстевски, а костимограф Марија Пупучевска.
Ново на Сител
-
Ден на независноста – 34-годишнината се одбележува под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“
-
Автобусите на ЈСП - Скопје сообраќаат по неделен возен ред
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Трамп најави средби со европски лидери за Украина и нов разговор со Путин
-
Нови прoтести на студентите во блокaдa зaкaжани за денеска во Белград и во Нови Сад
-
Евробаскет 2025: Селекторот на Италија поднесе оставка
-
Алкараз шампион на УС опен и нов број 1 на светот
-
Директорот на српската полиција: Над 126.000 луѓе присуствуваа на 111 собири против блокадите