МНТ со „Животот е прекрасен“ победник на 41. фестивал „Денови на сатира" во Загреб
Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов е победник на 41-то издание на фестивалот „Денови на сатира" во Загреб на кој учествуваа 15 претстави од Италија, Германја, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Македонија и Србија.
Одлуката главната награда - Гран при за најдобра претстава да и припадне на претставата „Животот е прекрасен“ ја донесе жири комисијата во состав: Бојана Радовиќ, новинарка и театарска критичарка, Ливио Бадурина, драмски уметник и Томислав Зајец, драмски писател.
За најдобра женска улога наградата и беше доделена на македонската актерка Николина Кујача за улогата на Марија Лукјанова, а наградата за најдобра машка улога, комисијата едногласно одлучи да му ја додели на Никола Ристановски за улогата на Семјон Семјоновиќ Подсекаљников во истоимената претстава.
Од жири комисијата беше потенцирана маестралната актерска игра на целокупниот ансамбал во претставата.
Со оваа награда и сите претходни гостувања на релевантни фестивали во изминатиот период, Македонскиот народен театар се потврди како еден од водечките театри во поширокиот регион.
Следно важно гостување ќе биде во месец октомври на интернационалниот фестивал МЕСС со претставата Електра, во режија на Андриј Жолдак, како дел од главната програма на фестивалот, информираат од МНТ.
Ново на Сител
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ