МНР: Законот за надворешни работи ќе се менува по редовна постапка во Собранието
Законот за надворешни работи ќе се менува по редовна постапка во Собранието. Најпрво ќе се менува во делот заради преземањето на надлежноста за надворешна трговија, но ќе претрпи измени и делот на надворешните работи, со цел Министерството да биде пофункционално, велат извори во МНР, додавајќи дека измените ќе бидат презентирани пред да бидат објавени, со цел законот да биде транспарентно донесен.
Во однос на редот и дисциплината во Министерството, извори во МНР, велат дека имало поединци со високи дипломатски, дури и со амбасадорски звања, на кои не им бил даван никаков ангажман, на дел од нив им се дозволувало да не одат на работа, додавајќи дека тоа повеќе нема да се толерира.
Во однос на амбасадорските места, извори во МНР посочуваат дека е отпочната процедура за тоа кој ќе го пополни амбасадорското место во ОН во Њујорк, откако досегашниот амбасадор Љубомир Фрчкоски поднесе оставка.
Изворите додаваат дека има рок којшто му следува што го добива за пред враќањето во државава и тој рок веќе тече, со што тој за неколку недели ќе биде вратен во државава, со што ќе заврши неговиот мандат како амбасадор, но, велат оттаму, со тоа нема да завршат процесите за сериозните недостатоци по неговата работа и тие процеси ќе продолжат во рамки на Министерството.
За амбасадорите Весел Мемеди во Италија и Андреј Жерновски во Романија, додаваат изворите, се уште траат внатрешните процедури во рамки на МНР.
Во врска со наводите за недоследности во уште во две амбасади, извори во МНР засега не откриваат за кои амбасади станува збор, како што велат, од почит кон државата во која се акредитирани и се уште се вршат внатрешни контроли и процедури.
Ново на Сител
-
СДСМ: Mицкоски сака да го партизира судството
-
Стејт Департмент: Блинкен ќе се сретне со израелскиот министер Дермер, САД инсистираат на поголема хуманитарна помош за Газа
-
Израел соопшти дека Хезболах истрелал 165 ракети кон северен Израел
-
ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете
-
Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог…
-
Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор
-
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот
-
Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови