МНР нема информации за настрадани македонски државјани во ураганот Ирма, Македонец заробен на островот Сент Мартин
Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека досега до македонската Амбасада во Вашингтон не се обратиле за помош македонски државјани кои живеат на Карибите и брегот на САД кои беа погодени од ураганот Ирма.
Од МНР посочуваат дека се во комуникација и со Канцеларијата на странски мисии во Вашингтон и оти до денес немаат добиено информација за пријавени македонски државјани од погодените подрачја.
- Од социјалните мрежи дознавме дека има еден македонски државјанин на островот Ст. Мартин. Иако островот територијално припаѓа под јурисдикција на Франција и Кралството Холадија, поради географската близина сепак пробавме да стапиме во контакт уште во текот на вчерашниот ден (преку социјалните мрежи) но се уште немаме добиено одговор, соопшти МНР.
Оттаму посочуваат дека телефонските броеви за контакт со македонската амбасада во Вашингтон на кои може да се обратат македонските граѓани во секое време се 202-390-7418 и 202-667-0501.
Според локалните власти, иако ураганот паднал на четвртиот степен од Сафир-Симпсон скалата, тој се уште претставува опасност за жителите на Флорида. Поради тоа се препорачува граѓаните постојано да се информираат за ситуацијата, да ги следат строго упатствата на локалните власти, да не ја потценуваат опасноста и доколку сакате да се евакуирате, да го направат тоа. Според податоците од Националниот центар за урагани во Вашингтон, ураганот Ирма ќе стигне до брегот на Флорида во недела, а од вчера аеродромите Мајами и Форт Лодердејл не работат.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест