МНР на Русија, Иран и Турција се договориле за сите клучни прашања за Сирија
Министрите за надворешни работи на Русија, Иран и Турција, Сергеј Лавров, Џавад Зариф и Мевлут Чавушоглу, денеска во Анталија се договорија за сите клучни прашања, соопшти Лавров по завршувањето на средбата, посветена на изнаоѓање решение за кризата во Сирија.
- Се собравме за да дискутираме за конкретни прашања за подготовката на самитот на претседателите на трите земји, кој ќе се одржи на 22 ноември во Сочи, изјави Лавров.
Тој додаде дека „работата беше многу корисна“ и оти се договориле за сите клучни прашања.
Пред самитот во Сочи ќе се сретнат и началниците на генералштабовите на Русија, Турција и Иран, за да разговараат за детали за работата во врска со зоните за деескалација во Сирија.
Лавров подвлече дека армиите на трите земји се во постојан контакт во врска со функционирањето на четирите зони за деескалација во Сирија, а исто така работат и на создавање на петта зона.
Ново на Сител
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Двајца мртви и повеќе повредени во пукотници во Кентаки
-
Шекеринска за Хина: НАТО нема да отстапи од поддршката за Украина
-
Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик
-
УХМР: Попладне утре наместа нестабилно, многу топло во среда и четврток, посвежо и ветровито в петок
-
1711 сообраќајни прекршоци изминатиов викенд, најмногу за брзо возење
-
Малолетник од Куманово затекнат при обид да запали кабли
-
Ирска: Започна ископување на масовна гробница со останки од 800 бебиња