-->
-->
ММФ: Фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит
-->
Формирањето на новата влада претставува значајна пресвртна точка и можност за повторно заживување на реформите и поставување на макроекономските политки на здрави основи. Ова е констатирано од Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд по завршување на редовните годишни консултации со Македонија во рамки на таканаречениот Член 4 извештај, кој ММФ го објави денеска.
Како резултат на ефектите на политичката криза, Меѓународниот монетарен фонд проектира раст на македонската економија од 1,9 проценти за годинава, а за следната година се очекува интензивирање на растот на 3,2 проценти. Проекцијата на стапката на инфлација годинава е дека таа ќе остане на ниско ниво од 1,2 проценти.
Проектираниот буџетски дефицит за 2017 година изнесува околу 3 отсто од БДП. Притоа, Извршниот одбор на ММФ ја истакнува потребата за фискална консолидација, со оглед на брзиот раст на јавниот долг во минатото и високите потреби за финансирање.
Одборот ја поздравува намерата на Владата за постепено намалување на буџетскиот дефицит на два проценти од БДП на среден рок. ММФ, исто така, го поддржува планот на Владата за зајакнување на управувањето на јавните финансии и зголемување на фискалната транспарентност.
Планот на Владата за поддршка на вработувањата и социјалната инклузија е позитивно оценет од Фондот и е во рамки на препораките за интензивирање на структурните реформи со цел зголемување на вработеноста и продуктивноста.
Со цел зачувување на конкурентноста и фискалната оддржливост, Извршниот одбор ја истакнува потребата растот на платите да ја следи продуктивноста. Исто така, во услови на стареење на населението, е нотирано значењето на зголемувањето на стапката на активност, како и на активните мерки на пазарот на труд.
Извршниот одбор на Фондот препорачува понатамошни подобрувања на управувањето и јавната администрација, логистиката за трговија и вештините со цел привлекување на повисоки странски директни инвестиции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата