Македонија
28. November 2016 - 13:08

Mладо момче од Скопје прободено во стомакот


Вистинска драма се одвивала на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, синоќа во 1 часот и 35 минути, кога младо момче било прободено во стомакот. Според информациите од македонското МВР, две непознати лица, кои биле со возило марка  „БМВ“, извршиле физички напад и со остар предмет му нанеле убодна рана во пределот на стомакот на 26-годишниот скопјанец Т.У.
 
Истиот бил пренесен и задржан во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Причина за нападот била расправија во сообраќајот.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.