Македонија
4. May 2018 - 14:51

Младо момче итно пренесено на скопските клиники

Младо момче  со тешки скршеници заврши во Ургентниот центар во Скопје.

-  На 03.05.2018 година околу 19:20 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ (Ургентен центар) пријавено е дека било донесено лицето Е.И.(27) кое во с.Батинци-скопско било физички нападнато од страна на лицата Р.С., Ш.А. и С.М. Истиот, со возило бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, стои во соопштението на МВР.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.