Младите математичари ги одмеруваат силите на регионалниот натпревар во Струмица
Во Струмица денеска се одржа регионалниот натпревар по математика, на кој учествуваа 110 средношколци од општините на југоистокот. Тестирањето го организира Сојузот на математичари на Македонија.
Професорите по математика велат дека математиката не е апстрактна наука, туку стравот кај учениците е проблем.
- Математиката не е многу апстрактна наука. Проблемот е стравот од обврски. Реформите во образованието придонесуваат за развој на оваа наука, но некогаш знаат да заминат и во погрешна насока. Нашата цел е да им всадиме љубов кон математиката, а учениците повеќе да вежбаат дома, рече Петруш Џорлев, професор по математика.
Од Сојузот на математичари велат дека голем е интересот кај средношколците кои се дел од натпреварот.
- Колку и дали ќе придонесе Кембриџ програмата во развој на математиката и постигнување подобри резултати ќе знаеме по неколку години кога ќе поминат неколку генерации. Сега за сега е важно децата да се повеќе заинтересирани, зошто целата технологија се базира на применета математика. Професорите да им вградат љубов, а самите ученици да обрнат повеќе внимание и да решаваат многу задачи, вели Ана Наумческа од Сојузот на математичари на РМ.
Сојузот на математичари има четири нови меѓународни натпревари со интернационални дипломи кои се признати на сите Универзитети во светот кои се подготвени за упис на врвни математичари и од Македонија.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата