-->
-->
Младите македонски ракометари против Норвешка на стартот на ЕП
-->

Младите македонски ракометари против Норвешка на стартот на ЕП
Колдинг, 28 јули 2016 (МИА) – Младата машка ракометна репрезентација на Македонија против Норвешка ќе го започне својот настап на Европското првенство за играчи до 20 години.
На шампионатот кој се кој се одржува во Данска, македонските младинци, ќе имаат тека задача во конкуренција на Норвежаните, домаќините Данска и селекцијата на Холандија да освојат едно од првите две места кои носат пласман во следната главна фаза.
Натпреварите од Ц групата ќе се играат во Колдинг, каде ќе настапуваат и селекциите од Д групата: Унгарија, Германија, Хрватска и Шведска.
Градот Вамдруп ќе биде домаќин на А групата во која ќе играат Франција, Швајцарија, Србија и Полска како и дуелите од Б група во која се селекциите на Шпанија, Исланд, Словенија и Русија.
Распоред на натпреварите на македонските младинци на ЕП:
Норвешка – Македонија (четврток, 17:45 часот)
Македонија – Данска (петок, 20:00)
Холандија – Македонија (недела, 18:00). ит
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
