Млада девојка се омажила за пензионер, а потоа ја дозна ужасната вистина
Кога девојка на возраст од 24 години се омажила за милионер (64) следувал вистински шок. Се утврдило дека човекот од нејзините соништа всушност е нејзиниот дедо. Жената која сакаше да остане анонимна, се омажила пред три месеци.
Наишла на ужасното откритие откако ги прелистала семејните албуми во нивната куќа во Мајами.
Забележала слика од својот татко, со кого нејзиниот маж изгубил контакт откако им се распаднал бракот.
Двојката не знаела дека се во роднинска врска, кога првпат се запознале преку сајтот каде постари мажи бараат љубов.
-На сајтот имаше многу профили на привлечни млади девојки. Почувствував нешто чудно кога ја здогледав нејзината фотографија. Беше тоа дежаву чувство, но тогаш не можев да заклучам зошто ми е толку позната. Веднаш почувствувавме прврзаност, од моментот кога влезе во ресторанот, рече нејзиниот маж.
-Кога ја видов сликата на својот татко во оној албум, ме преплави чувство на очај, рече невестата.
Двојката одлучи да остане заедно и покрај неверојатното откритие.
-Чувствувам толку силна приврзаност, што сега ништо како ова не би можело да не раздвои, вели таа.
Ново на Сител
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот