Млад скопјанец лажно се претставувал и измамил две лица во Кочани
Одделение за организиран криминал- Кочани поднесе кривична пријава против Б.А.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ и против М.М.(60) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за две кривични дела „прикривање“.
Б.А. на 15.03.2017 година со лажно прикажување на факти дека е директор на Асоцијацијата за едукација-спорт, култура и здравје „ЕДУКО ПЛУС“ од Скопје во два случаи ги довел во заблуда К.М.(35) од с.Горни Подлог о.Кочани, управител на правно лице од Кочани и Г.Ѓ.(30), управител на друго правно лице исто така Кочани, барајќи да му испорачаат разновиден градежен материјал на плац во кругот на правниот субјект „Унитрем“ Кочани, а откако истите биле доставени со фактури во износ од 257.000 денари, пријавениот продолжил да ги држи во заблуда, ветувајќи дека ќе им ги исплати доставените материјали.
М.М. пак, по претходно договорена соработка со Б.А. и во двата случаи бил присутен при испорака на стоката од страна на оштетените и прибавената стока ја презел за свои потреби, при што на првопријавениот на рака му исплатил сума помала за 20% од реалната, иако знаел дека купувањето на стоката е без соодветна документација, пониска цена како и плаќање во готовина.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата