Митева: СДСМ и ДУИ го оставија народот без леб
Срамно и жално е што Ковачевски и ДУИ го оставија народот без леб, додека има за тендери и криминал. Македонија со оваа власт со СДСМ и ДУИ е единствена држава не само би кажала во регионот, туку и во Европа во која на народот му се под знак прашалник основни егзистенцијални работи, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање за владината одлука за замрзнување на цената на лебот.
Таа истакна дека апсурдна е ситуацијата со СДСМ, нема леб, храната е скапа, а на земјоделците им скапува родот, затоа што немаат пласман.
- Државата е вратена 70 години назад како во време на транзицијата кога немало леб, млеко или други продукти, па се чекало ред или се купувало со бонови, рече Митева.
Митева нагласи дека со Ковачевски веќе достигнување е ако државата и институциите можат да ги извршуваат основните функции, за повеќе и не станува воопшто збор.
Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот