-->
-->
Мистериозна смрт на познатата манекенка и мајка на четири деца: Објавила шифрирана порака на Фејсбук па е пронајдена мртва
-->

Ирската манекенка Али Мекдонел е пронајдена мртва откако објавила шифрирана порака на Фејсбук, пренесува „Фокс њуз“.
Триесет и седумгодишната Мекдонел, мајка на четири деца, неколку часа пред смртта напишала:

– Зошто е во ред маж да нарече девојка дебела грда ……. ? Сериозно, ново ниво на туркање некој на работ.

Не е јасно на кого таа му се обраќа ниту кога наводниот инцидент се случил.

Полицијата одлучила да не ја третира нејзината смрт за сомнителна, но ќе ги истражува сите кои биле во контакт со една од најпознатите манекенки на Ирска пред трагедијата.

Мекдонел била самохрана мајка на четири деца – најголемото има 17 години и се вика Алекс, 15-годишната Сара, деветгодишниот Хари и двегодишната Сиена.

На Инстаграм манекенката ги опишува како „сиот мој свет“.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборен карван на СДСМ во Новаци, Ресен и Битола
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Почина Панчо од „ДНК“, седум месеци се лекуваше од повредите во пожарот
-
Мицкоски за д-р Кузмановски: Професорот има импозантна биографија, тоа што се случи се случи
-
Пелегрини од Скопје - ЕУ ризикува со процесот на проширување
-
Македонија со помош на ЕУ ќе гради национален центар за вештачка интелигенција – „Везилка“
-
Проекти и ветувања на кандидатите за Град Скопје
-
Изборна кампања