Мисајловски учествува на министерски состанок на НАТО во Брисел
Самитот на НАТО во Хаг, поддршката за Украина и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната ќе бидат главни теми на денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, на кој ќе учествува и македонскиот министер Владо Мисајловски.
Состанок ќе започне со седница на Северноатлантскиот совет на која министрите ќе разговараат за подготовките на Самитот во Хаг што треба да се одржи од 24 до 26 јуни и за трошоците за одбраната, а, според најавите, ќе донесат и клучни одлуки за подобрување на одвраќањето и одбраната на НАТО.
Како што најави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на вчерашната прес-конференција во пресрет на министерскиот состанок, на него ќе биде направен огромен скок напред во зајакнувањето на капацитетите за одвраќање и одбрана на Алијансата со усогласување на нови амбициозни цели.
- Овие цели ги утврдуваат силите и конкретните капацитети што сојузниците треба да ги обезбедат за да го зајакнат нашето одвраќање и одбрана, рече Руте.
За остварување на овие цели, за соочување со секоја закана и за целосно спроведување на плановите за колективна одбрана, според Руте, на Алијансата и се потребни повеќе ресурси, сили и капацитети за што се потребни значително повисоки одвојување за одбраната.
- Светот станува се поопасен. Постои брутална војна на Русија против Украина, закана од тероризмот и интензивирање на глобалната конкуренција. Ќе продолжиме да ги заштитуваме нашите луѓе и нашиот начин на живот. Затоа мора да го направиме НАТО посилна, пофер и повоинствена Алијанса, изјави Руте.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во пресрет на состанокот извори од Мисијата на САД при НАТО брифираа дека кога станува збор за одбранбените трошоци издвојувањата на ниво од пет отсто од БДП нема да биде само ветување на земјите членки, туку и нивна обврска.
Тие додадоа дека секој сојузник мора да се обврзе да инвестира најмалку пет отсто од БДП во одбраната и безбедноста почнувајќи од сега, посочувајќи дека тоа не е сугестија, туку е основа за одвраќањето во свет каде што заканите постојано растат.
- Сакаме сите сојузници да ги зголемат своите буџети колку што можат и што можат побрзо. Тоа не е временски рок што го поставуваат САД, туку нашите противници и нивната способност да водат војна против Алијансата, нагласија дипломатските извори.
Инаку, во рамки на состанокот ќе се одржи и неформално заседание на Советот НАТО-Украина во форма на работен ручек, на кое ќе се разговара за континуирана поддршка на Алијансата за Киев, како и за итната потреба за постигнување мир.
На прашањето од црногорскиот весник „Вијести“ дали Северноатлантската алијанса е известена за случувањата во Црна Гора, дали ја следи ситуацијата, дали постои безбедносен ризик и каква е прак
Како што нагласи Руте на вчерашната прес-конференција целта на поддршката на НАТО за Украина во справување со руската агресија не е продолжување на војната, туку обезбедување услови земјата да може да се одбрани во моментов и да спречи каква било агресија во иднина.
Руте додаде и дека НАТО целосно ги поддржува напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за запре на крвопролевањето во Украина и постигнување праведен и траен мир.
На крајот на министерската средба е предвиден состанок на Групата за нуклеарно планирање на НАТО. Според Руте, фундаментална цел на нуклеарниот капацитет на Алијансата е да го зачува мирот, да спречи притисоци и да одврати агресија, па затоа нуклеарното одвраќање е камен-темелникот на безбедноста на НАТО.
Покрај министрите за одбрана на членките на НАТО на министерскиот состанок е најавено учество и на нивниот украински колега Рустем Умеров и на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.
Во пресрет на денешниот собир, вчера попладне во седиштето на НАТО во Брисел се одржа состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, со кој претседаваа министрите за одбрана на Велика Британија и Германија, Џон Хејли и Борис Писториус.
Ново на Сител
-
АХВ воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари
-
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со смртта на детето од Кавадарци не се констатирани недостатоци од наша надлежност
-
Возач од кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил
-
Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Повредени двајца работници во Пробиштип и Пехчево
-
Малолетници со нож тешко повредиле 55-годишен маж
-
ЕУ воведува сет мерки за подобра заштита на патниците во авиосообраќајот
-
Кисела Вода организираше бесплатна заедничка полуматурска прослава за сите деветтоодделенци