Мисајловски: Потпишан договорот за изградба на експресниот пат Штип - Кочани

Потпишан е договорот за изградба на експресниот пат од Штип до Кочани, објави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при денешната посета на Штип.
Патот ќе биде со должина од 28 километри и ќе има четири ленти, а инвестицијата е вредна 20 милиони евра. Експресниот пат ќе го градат домашните компании „Гранит“ и „Бетон“.
- Особено ми е драго што можам да објавам дека е потпишан договорот за изградба на експресниот пат од Штип до Кочани. Со овој проект го продолжуваме инвестицискиот циклус во изградба на експресните патишта во Република Македонија. Ова е трет експресен пат што ќе започне да се гради во Република Македонија, изјави Мисајловски.
Според него, изградбата на патот ќе биде од големо значење за поврзување на источниот дел со останатиот дел од државата.
Мисајловски посочи дека во овој регион во тек е и изградбата на автопатот од Скопје до Штип, а се гради и експресниот пат од Велес до Штип. Во тек е и евалуација на понудите за изградба на експресните патишта од Штип до Радовиш и од Ранковце до Крива Паланка.
Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов истакна дека изградбата на патот од Штип до Кочани ќе се одвива во две фази, а потпишаниот договор се однесува на првата фаза од Штип до Крупиште.
- За втората фаза од Крупиште до Кочани се очекува следната година да се објави тендерот, изјави Стојанов.
За следната година се очекува да се распише и тендерот за изградба на експресниот пат од Охрид до Пештани.
Ново на Сител
-   
           ВМРО-ДПМНЕ вечерва со завршен митинг во Скопје, Мицкоски очекува победа во 60 општини
-   
           Сиљановска-Давкова на свечена вечера кај Макрон: Само со заемна почит и разбирање може да има напредок и побезбедна иднина за сите
-   
           Родено 16 недели предвреме - девојче родено со само 300 грама одржано живо од германски лекари
-   
           За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица
-   
           За викендот суво, од понеделник при крајот на денот повторно дожд
-   
           Претрес во гостиварско, пронајдена ловечка пушка и муниција без соодветна дозвола
-   
           Дел од општина Карпош без вода
-   
           Скопскиот и белградскиот аеродром со најголем раст на патници во зимската сезона







