Македонија
30. October 2025 - 11:23

Претрес во гостиварско, пронајдена ловечка пушка и муниција без соодветна дозвола

На 29.10.2025 во 15:15 часот во с.Речане, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Н.С.(22) од с.Речане, гостиварско поради основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од КЗ.

Истиот ден во 14:10 часот, согласно судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.С., при што тој пријавил дека во една од помошните простории има ловечка пушка и 12 патрони, без соодветна дозвола, кои доброволно ги предал.

Н.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.