Мисајловски: 23 Октомври нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината

Министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба упати честитка до граѓаните во која истакнува дека овој ден нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината.
-Денешниот ден нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината. Искрата разгорена токму на овој ден во 1893 година ја претвори македонската мисла во движење и ги постави темелите на нашата држава, истакнува министерот Мисајловски.
Тој порачува дека патриотизмот не е само збор, туку е симбол на достоинство, храброст и единство во секојдневието и во службата, во почитта кон другите, но и во грижата за татковината.
-23 Октомври е потсетник дека љубовта кон Македонија е трајна вредност што треба да ја чуваме, негуваме и пренесуваме на идните генерации. Нека ни е честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! Да ни е вечна Македонија, наведува министерот Мисајловски во честитката.
Ново на Сител
-

Истражување: Повеќето жени во Германија се чуствуваат небезбедни на јавни места
-

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција
-

Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14)
-

Прв лет Скопје - Мадрид
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Шведска планира затворски центри за криминалци на возраст од 13 години поради растот на криминалот на бандите
-

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
