Мирјана Лазарова Трајковска избарана за претседател на секција на ЕСЧП

Европскиот суд за човекови права ја избра Мирјана Лазарова Трајковска за претседател на една од петте секции на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, јави дописникот на МИА.
Мирјана Лазарова Трајковска е судија во ЕСЧП од 1 февруари 2008 година, како судија предложена од Република Македонија.
Изборот на Лазараова Трајковска на оваа функција е признание не само за земјата која ја претставува, туку и за нејзината долгогодишна работа во рамките на судот, но и како експерт во Советот на Европа со самото членство на Република Македонија во 1995 година.
Лазарова Трајковска, родена на 5 ноември 1963 година во Струмица, претходно беше член на Венецијанската комисија, поранешен судија во Уставниот суд на Република Македонија, а беше и претседател на Државната изборна комисија во 2002-2003 година.
Ново на Сител
-

35 лица седнуваат во судница, почнува судењето за пожарот во Kочани
-

ВМРО-ДПМНЕ бара реформирање во судството
-

Зголемен водостојот на Вардар и Радика, УХМР апелира на внимателност
-

Во тутунскиот комбинат во Прилеп започна предвремениот откуп на тутунот
-

Еден универзитет за сите членки на Европската алијанса на универзитети
-

Преглед на вестите од светот
-

Шефот на германската дипломатија пристигна во Скопје на средба со министерот Муцунски
-

Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
