-->
-->
Минута пред полетувањето руската шминкерка го објавила последното селфи во животот
-->
Неколку минути пред полетување на авионот, руска шминкерка Ана Сергејева (25) се фотографирала, а потоа ја споделила фотографијата на социјалните мрежи не знаејќи дека тоа ќе и биде последно објавено фото во животот.
Ана била еден од патниците во авионот кој летата од Дубаи до југот на Русија и кој не стигнал до аеродромот. Се урнал и во таа прилика загинале сите 62 патници.
Ана изминатите шест месеци работела во Дубаи како шминкерка, а тргнала за Русија за да го посети семејство на една недела. Објавување на „последо селфи“ пред полетување на авинот е еден од новите бизарни трендови кои младите го практикуваат на социјалните мрежи. Последните фотографии ги прават пред самото полетување на авинот во случај доколку има несреќа и не го преживеат летот да оставаат последен спомен. Ана решила да сподели едена таква „последно слефи“ фотографија – но нејзината за жал навистина била последна.
-Работеше таму за да заработи пари и да го издржува своето семејство – изјавила Катарина другарката на Ана.

Авинот се урнал во недела (19.03.2016) за време на вториот обид за слетување на аеродром во Ростов на Дон. Според официјалните податоци, во авионот имало 55 патници и седум членови на екипаж. Немало преживеани. Леталото немало никакво оштетување пред полетувањето и затоа најпрво се верувало дека дошло до грешка напилотот. Меѓутоа, најновите снимки покажуваат дека над аеродромот дувал толку силен ветер што буквално го носел авионот од една на друга страна поради што и се случила кобната несреќа.



-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штипска модуларна ќе се преадаптира во специјалистичка амбуланта
-
Училиштата во Босилово започнуваат со сопствено производство на струја
-
Почина Папата Франциск
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Стојаноска: Чернодрински ќе се одржи во Прилеп по секоја цена, нема да го земе ниту еден друг град
-
Охридските компании се соочуваат со недостиг на кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Антонио Апостолски од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“