Минусни температури насекаде низ државата, најстудено во Крушево и Берово -12
Најстудено утрово е во Крушево и во Берово со -12 степени. Во Крива Паланка се измерени -10, во Битола, Штип, Претор и Виница -9, осум степени под нулата е во Охрид, -7 во Прилеп, Струмица и Тетово, -6 во Скопје и Демир Капија, -5 Куманово, а -3 во Дојран и Гевгелија.
УХМР информира дека највисока снежна покривка од 39 сантиметри има во Маврови Анови, 31 на Попова Шапка, а 14 сантиметри во Крушево.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, студено и ветровито. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори