Минусни темепратури во Македонија, над нулата само во Гевгелија
Во Маврово, Берово и Лазарополе утрово се измерени најниски температури од минус 11 и минус 10, над нулата е измерена температура само во Гевгелија - еден степен.
Утрово во Дебар се измерени - 9 степени, -7 во Пожаране, Пожар и Тетово, - 6 во Струмица, Битола, Тополчани, Крива Паланка, - 5 во Ѓуриште, Крушево, Охрид и Виница, - 4 во Прилеп, Претор и Штип, - 3 во Скопје, Кавадарци, Куманово, - 2 во Дојран, Демир Капија, Скопје-Зајчев Рид.
Снег најмногу од 32 сантиметри има во Маврово, 24 во Лазарополе, 14 Крушево, Пожаране, 13 Ѓуриште,12 Берово, 10 Пожар, 8 Тетово, 6 Битола, 5 Тополчани, Штип, 3 Струмица и еден сантиметар во Крива Паланка.
Времето утрово е променливо облачно, на места со слаб северен ветер. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Во ноќните часови во североисточните делови ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи од -2 до 5 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 2 степена.
Утре ќе биде променливо облачно, во раните претпладневни часови во североисточните делови со услови за слаб снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен северен ветер. Потоа во наредните денови ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Ново на Сител
-
Украина ноќеска соборила 60 од 94 лансирани руски беспилотни летала, 34 се „изгубиле“
-
Студено насекаде со врнежи од снег, поради ниските температури ќе има појава на голомразица и снежни наноси
-
Укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Крива Паланка – Г.П. Деве Баир
-
Мисајловски и Лафчиски положија венец на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, каде пред 17 години загинаа 11 мировници од Армијата
-
Приведени четири лица, сите од Гевгелиско, осомничени за незаконит лов
-
Во гостиварско Добридол приведени седум странски државјанки поради злоупотреба на туристички престој
-
Во Хрватска започна гласањето во вториот круг од претседателските избори
-
Келог: Светот мора повторно да воспостави максимален притисок врз Иран