Минов:Граѓаните на Карбинци заслужуваат модерна, урбанистички и инфраструктурно уредена општина
Граѓаните на општина Карбинци заслужуваат да живеат во модерна, урбанистички и инфраструктурно уредена општина, ветуваме квалитетна инфраструктура, подобро и поквалитетно образование, поголема детска и социјална заштита, чиста и здрава животна средина, изјави Зоран Минов, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за општина Карбинци.
- Со сите проекти кои ги реализиравме во изминатите четири години, ликот на нашата општина е целосно променет. Исполнетите ветувања за изградба на прочистелна станица, зелен пазар, детска градинка, мостови, уредувања на речно корито, изградба на улици, изградба на спортски терени, реконструкции на училишта и јавните објекти придонесоа за подобри услови и повисок стандард за живеење. Индустриските зони кои ги направивме веќе ги даваат своите резултати. Така и ќе продолжиме, изјави Минов.
Посочи дека ќе се посвети на изградба на сточен пазар, изградба на градинка во село Радање, урбано уредување на одводен канал во село Долни Балван, изградба и уредување на рекреативно езеро кај археолошки локалитет Баргала, изградба на филтер станица на хидросистемот Злетовица, изградба на регионален водоводен систем Плачковица, изградба на локални патишта, како и асфалтирање на преостанатите улици во населените места на општина Карбинци.
- Општина Карбинци бележи економски раст, станавме општина во која започнаа да се отвораат нови работни места. Станавме општина која е препознатлива по големиот број на реализирани проекти, проекти од значење за сите граѓани. Сите заедно ќе продолжиме да работиме за Општина Карбинци каква што ја сакаме и заслужуваме. Секогаш работа, секогаш Македонија, рече Минов.
Ново на Сител
-
Еврокомисијата очекува договор со Словачка и Унгарија за 18-от пакет санкции кон Русија
-
Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање
-
Нетанјаху поради Иран и Газа бара одложување на рочиштето во процесот за корупција
-
Историска мисија: Астронаути од Индија, Унгарија и Полска првпат на МВС
-
Исплатени 265.720.530 денари субвенции кон 4 659 земјоделци, инвестиции од 16.041.565 во сточарството
-
Старица пријавила измама од 30 илјади евра од лице кое се претставувало како лекар
-
Мицкоски: По седум години застој градиме интерконектор за гас со Грција
-
Голем пожар во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина