Свет
4. May 2016 - 13:36

Министрите за одбрана на 11 земји на состанок во Штутгарт

Во Штутгарт денеска се состанаа министрите за одбрана на 11 земји, меѓу кои и САД, за да разговараат за начините за зајакнување на кампањата против Исламска држава. 

Американскиот министер за одбрана Еш Картер им порача на министрите на почетокот на состанокот во седиштето на Европската команда на американската војска дека борбата е далеку од својот крај и покрај неодамнешните достигнувања. 

Меѓу учесниците во разговорите, кои однапред се испланирани, откако војник на САД беше убиен за време на напад на ИД врз позиции на курдските сили северно од Мосул, се и министрите за Франција, Велика Британија и Германија.

Ова е трет Американец, кој загинал во директен судир, откако коалицијата, предводена од САД, покрена кампања против џихадистичката групација во 2014 година.