ЦУК: Вкупно 1.568 повици на 112, 61.29 отсто од нив категоризирани како реални
Изминатите 24 часа на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112, регистрирани се вкупно 1.568 повици. Од нив, како реални повици биле категоризирани 961 или 61,29 проценти, а 607, односно 38,71 отсто - за други потреби на граѓаните што не биле итни, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Кон полицијата биле упатени 213 повици, односно 69,84 проценти, кон Итната медицинска помош - 63 или 20,66 отсто, кон пожарникарите - 21 или 6,89 проценти и кон ЦУК - осум повици или 2,62 отсто.
- Во текот на утрешниот ден, во периодот од 12 до 17 часот, стручниот тим на „Мактек дооел“ ќе изврши минирање за потребите на компанијата „Бехтел и Енкa“ на локалитетот Сладун во општина Прилеп, се додава во соопштението на ЦУК.
Оттаму информираа и за известување од Институтот за трансфузиона медицина, за дeнеска планираните крводарителни акции во Скопје - СГУЦ „Раде Јовчевски Корчагин“, „Либерти“ во Железара, во Куманово во ЈКП „Водовод“ и со граѓаните на Штип во спортската сала „Јордан Мијалков“.
Ново на Сител
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни