Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за поголема помош за Украина
– Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ денеска во Луксембург разговараат за дополнителни опции за поддршка за Украина.
На маса, меѓу другото, е и предлогот на еврокомесарот за надворешни работи Жозеп Борел да се обезбедат дополнителни 500 милиони евра за испорака на оружје и друга воена опрема.
Веројатно на состанокот ќе се зборува за можни дополнителни санкции против Русија заради агресијата врз Украина. Меѓу другото ќе се разговара и за ембарго на увоз на руска нафта, по воведената забрана за увоз на рускиот јаглен.
Минатиот петок Борел заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го посетија украинскиот главен град Киев, за да дадат уверување до властите во Киев и до украинскиот народот за целосната солидарност на ЕУ.
Борел јасно стави до знаење јасно ја гледа потребата од дополнителни санкции за рускиот енергетски сектор, посочувајќи ја притоа руската нафта.
Се проценува дека во ЕУ секој ден се троши руска нафта во вредност од 450 милиони евра.
Инаку, други теми за кои ќе се разговара на состанокот во Луксембург се и ситуациите во Мали, Либија и Јемен. Дополнително, ќе се разговара и за Иницијативата за Глобална порта започната минатата година, а со цел промовирање на меѓународното влијание на ЕУ.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница
-
Основната плата во државата не може да биде пониска од минималната плата – Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест
-
Трипуновски: Излегуваме во пресрет на земјоделците, ќе ја направиме проценката за да се обноват површините зафатени од невремето
-
Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Најмалку 104 лица го загубија животот, а 28 се повредени во поплави во источниот дел на ДР Конго
-
Филков: Со новиот Закон за Судски совет воведуваме јасни критериуми и механизми за одговорност
-
Истрага за сообраќајна несреќа во Чаир во која има едно лице повредено