Министерството за култура ја презема реконструкцијата на Универзалната сала

На денешната владина седница е усвоена информацијата од Министерството за култура за пренесување на правото за реконструкција на Универзалната сала, соопшти вечерва владината прес-служба.
Со ова, правото за реконструкција на Универзална сала се пренесува од Град Скопје на Министерството за култура.
- Владата го задолжи Министерството за култура, по приемот на целокупната документација од Градот Скопје, да ја согледа проектно - техничката и финансиската документација за реконструкцијата на објектот на ЈУ Универзална Сала и за потребните финансиски средства да обезбеди согласност за преземање на обврски на буџетски корисници за наредни три години (2024, 2025 и 2026 година). Владата ја задолжи министерката за култура да го склучи доставениот текст на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни во врска со реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје, се вели во соопштението од Владата.
Ново на Сител
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
-

53-годишна жена од гостиварско киднапирана, па убиена и закопана во с. Неготино
-

Вчера во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот
-

Safe City и официјално стартува од 1 февруари - Ќе има и праг на толеранција
