Министерство за здравство: Со новиот клинички центар висококвалитетна здравствена заштита
Со изградбата на новиот Универзитетски клинички центар, здравствените работници ќе имаат подобрени услови за работа, младите идни колеги подобрени услови за образование, а сите заедно ќе добиеме висококвалитетна здравствена заштита и нега по најнови светски стандарди.
Тоа го соопшти денеска Министерството за здравство по вчерашната одлука на Владата со којашто се овозможи да почнат активностите за катастарско-урбанистичките работи на парцелата наменета за изградба на новиот клинички центар на утврдената локација во општина Ѓорче Петров.
На седницата беше разгледана и усвоена информацијата и одлуката за давање согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план вон населено место „ВЕЛЕ ПОЛЕ“, за изградба на објекти со намена А-времено домување, Б-комерцијални и деловни намени, В-јавни институции, Д-зеленило и рекреација и Е-инфраструктура, КО Кучково, КО Волково, КО Ѓ.Петров 1 и КО Ѓорче Петров 3, Општина Ѓорче Петров.
-Меѓуинституционалната и меѓуресорската соработка е важен сегмент во спроведување на проект од вакво значење кој е од интерес на сите граѓани на нашата држава. Колегите од повеќе институции активно работат на претходните работи за подготовка на реализацијата на проектот за изградба на нов Универзитетски клинички центар и покажаа дека заеднички можат да се постигнат резултати за исклучително кратки рокови, се вели во соопштението.
Приоритет на Министерството за здравство, посочуваат од оваа институција, е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита, со што значително ќе се подигнат стандардите за лекување и третман на пациентите.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот