Министерот за надворешни работи на Германија Јохан Вадефул во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул, вечер ќе престојува во Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан.
Според најавите, Вадефул ќе оствари средби со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, пак, ќе се одржи билатерална средба на двете делегации.
Вадефул ја почна тридневната турнеја во неделата од Сараево, а вчера беше во посета на Белград каде што оствари средби со претседателот Александар Вучиќ и со министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, како и со претставници на граѓанското општество.
Вадефул претходно ги посети и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. Во Црна Гора разговараше со премиерот Милојко Спајиќ и министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ. Во Албанија, вчера попладне, се сретна со министерката за надворешни работи Елиса Спиропали и со шефот на Специјалното државно обвинителство за борба против корупцијата, организираниот криминал и тероризам.
Шефот на германската дипломатија во Скопје доаѓа од Приштина каде што се сретна со претседателката на Косово Вјоса Османи, премиерот во технички мандат Албин Курти и со германски војници во мисијата КФОР.
Германското Министерство за надворешни работи во соопштение наведе дека Берлин останува целосно посветен на европската перспектива на Западен Балкан и дека тоа го потврдува турнејата на Вадефул.
Фокусот на посетата, како што е наведено, ќе биде напредокот и предизвиците во процесот на проширување на ЕУ, а меѓу темите на дискусија ќе бидат реформите и регионалната стабилност и соработка.
МИА
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
-

Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен
-

Осум Албанци уапсени во Белгија под сомнение за атентат врз главниот обвинител во Брисел
-

ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
-

Одрон на патот Маврово-Дебар кај село Врбјани, сообраќајот по една лента
-

Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-

Обвинителство: Се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагдеијата во „Пулс“
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
