-->
-->
Министeрот за култура Адеми во Приштина се сретна со косовскиот колега Гаши
-->
Министерот за култура Асаф Адеми денеска во Приштина имаше работна средба со косовскиот министер за култура Кујтим Гаши, на која договориле да ја продлабочат соработката.
Како што соопшти Министерството за култура, Адеми на прес-конференција искажал задоволство што првата официјална посета во странство ја има во Косово.
- За нас не е само пријателска соседна земја, туку и земја со која имаме национални, семејни, но и културни врски, истакнал Адеми.
Косовскиот министер Гаши соопштил дека се согласиле во септември да потпишат заеднички календар на активности со што ќе ја продолжат соработката во иднина.
По официјалната средба, двајцата министри го посетиле археолошкиот парк Улпијана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До крајот на неделата СДСМ со првите кандидати за градоначлници
-
Приведени четири лица, возеле со брзина поголема од дозволената
-
Кочовска во Турција
-
Законот за енергетика во Собранието
-
Работата од дома најпопуларна кај Германците и Финците
-
Првиот човек на белгиската Армија бара прогласување на „кризна состојба“
-
Тринаесет лица киднапирани и убиени во Перу, работеле за компанија за копање злато
-
Во Ниш ќе се одбележи Денот на македонскиот јазик