Министерот Шапуриќ во посета на Струмица
Министерот Зоран Шапуриќ престојуваше во Струмица каде оствари средба со в.д. градоначалникот Костадин Костадинов и посети повеќе производствени капацитети во овој регион.
Како што соопшти денеска Кабинетот на министерот, на средбата Шапуриќ и Костадинов разговарале за можната соработка во разни проекти, коишто би биле насочени кон натамошен развој на економијата во општина Струмица, а во функција на подобрување на инвестициската клима за струмичките компании.
При посетата на струмичките производствени компании, Шапуриќ се запознал со нивното работење, како и со проблемите со кои се соочуваат при извршување на дејноста. Менаџерскиот тим на компаните бил запознат со мерките што ги презема Владата предводена од премиерот Зоран Заев, за стимулирање на инвестициите од страна на домашните компании, посебно за извозно ориентираните компании и со определбата парите од Буџетот да се враќаат во стопанството, што веќе се чувствува со многу побрз поврат на ДДВ.
Ново на Сител
-
Предизборни активности на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-
Ветувања за подобар живот во општините добија граѓаните од кандидатите
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина