-->
-->
Министерот Попоски во работна посета на Брисел
-->
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе оствари работна посета на Брисел, при што е предвидено да оствари средба со Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, соопшти МНР.
На состанокот се очекува да се разговара за предизвиците и перспективите во европскиот интегративен процес на Република Македонија, во светлина на неодамна објавениот извештај на Европската комисија. Исто така, се очекува да бидат разменети мислења во однос на актуелните случувања во доменот на надворешната и безбедносна политика на Унијата, вклучително и за миграциската и бегалската криза, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола