Белорусија ја предупреди Полска да не користи провокации на границата
– Белоруските власти денеска ја предупредија Полска да не „користи провокации“ на границата, каде неколку илјади мигранти чекаат да влезат на територијата на Европската унија (ЕУ) додека на границата се распоредени полски војници.
Минск и Варшава веќе неколку недели се во спор околу мигрантското прашање, додека ЕУ го обвини белорускиот претседател Александар Лукашенко дека организирал бран мигранти, главно од Блискиот Исток, како одговор на санкциите на ЕУ кон Белорусија поради репресијата врз опозициските демонстранти.
Белоруските власти денеска ги отфрлија тие обвинувања и ја предупредија полската страна да не користи провокации за да ги „оправда можните незаконски воинствени дејствија“ против мигрантите.
Минск ги оцени како „неодржливи“ обидите на Полска да ја префрли одговорноста врз Белорусија „за мигрантската криза на границата“.
– Полското Министерство за одбрана не бара конструктивно решение за тоа прашање и намерно ја крева актуелната конфликтна ситуација на политичко ниво, изјавија белоруските власти.
Ново на Сител
-
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
-
Манчестер јунајтед планира да изгради нов стадион
-
Лишени од слобода 11 лица, злоупотреба на службена положба и перење пари
-
Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“