Министерот Попоски се сретна со амбасадорот Хелбах
Енергијата дома и кај нашите партнери е неопходно да се насочи кон тоа, Република Македонија да добие гаранции дека членството во ЕУ е достижна цел за оваа генерација македонски граѓани, во догледно време, истакна вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски на средбата со специјалниот претставник за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА во рамките на Министерството за надворешни работи на Федерална Република Германија, амбасадорот Кристијан Хелбах.
Како што соопшти МНР, соговорниците ја нотираа потребата од зајакнување на европската интеграција во насока на долгорочна стабилност и просперитет на Регионот.
- Внатрешните предизвици во Унијата, мигрантската криза и заканите од екстремисти се добар потсетник за тоа колку сме поврзани со ЕУ, рече Попоски.
Hа средбата беше рeафирмирана поддршката од Германија на нашите напори кон европската интеграција.
Ново на Сител
-
СДСМ со митинзи во Илинден, Петровец, Бутел, Чучер Сандево
-
ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Чаир, Аеродром и Гази Баба
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
По 18 пат во чест на Тоше маратонците го истрчаа Меѓународниот ултра маратон од Нова Градишка до Крушево
-
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ закажано за 19 ноември
-
ЛКМ со морална осуда за д-р Игор Кузмановски – Неврологот и понатаму без активна лиценца
-
Сиљановска-Давкова најави македонско бугарски разговори по локалните избори
-
Се дистрибуираат гласачките ливчиња за изборите во недела