Македонија
5. September 2016 - 14:46

Министерот Кучи на Бледскиот стратешки форум

Министерот за економија Дритон Кучи учествува на Бледскиот стратешки форум, што  денеска и утре се одржува во Блед, Република Словенија. 

Воведни обраќање, на Форумот што се одржува под мотото „Зачувување на иднината“, ќе имаат Карл Ерјавец, заменик претседател и министер за надворешни работи на Република Словенија и Миро Церар, претседателот на словенечката Влада.

Министерот Кучи ќе учествува на панел дискусијата за туризам на тема „Одржливост и безбедност во туризмот“.