Министерот Џафери на Меѓународниот конгрес за правда во Истанбул
Министерот за правда Валдет Џафери се обрати пред учесниците на Меѓународниот конгрес за правда, кој од 17-ти овој месец се одржува во Истанбул.
Како што соопшти денеска Министерството за правда, Џафери на конгресот ја посочил големата важност од соработката меѓу правните институции во однос на спречувањето на криминалот и другите незаконски дела, како и соработката во граѓанската и трговската област.
- Република Македонија е потписничка на најважните меѓународни договори за меѓународна правна соработка, но и потписничка на билатералните договори речиси со сите земји од регионот, како Турција, Словенија, Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Црна Гора и Хрватска, истакнал министерот Џафери.
На маргините на конгресот, министерот Џафери остварил неколку средби со високи правни службеници на Турција, а, како што се наведува во соопштението, планирани се и неколку средби со претставници од албанската дијаспора ви Истанбул.
На Меѓународниот конгрес за правда учествуваат претставници од околу 50 – тина држави од светот. Повеќето од делегациите се претставени на министерско ниво, потоа на претседатели на врховни судови, државни обвинители, како и директори на институции за обука на судии и јавни обвинители.
Ново на Сител
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово