Минималните трошоци на едно семејство во август зголемени над 600 денари, вредноста на синдикалната кошница 61.199 денари
За 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари.
Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани до август годинава за 4.677 денари.
- Податоците од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни. Податоците од Синдикалната минимална кошница треба да ги разбијат дилемите на сите оние кои мислат дека работничките плати се највиновни за растот на инфлацијата односно растот на трошоците за живот. Само со зголемување на платите може да се зачува животниот стандард на
работниците и токму затоа барањата на работниците за зголемување на платите се оправдани, велат од ССМ.
Државниот завод за статистика измери инфлација во јули од три проценти на годишно ниво.
Ново на Сител
-
Околу 60 демонстранти приведени во Сан Франциско
-
Фон дер Лајен: Ако не ги заштитиме океаните ја ризикуваме нашата иднина
-
МВР: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи
-
Тетовчанец управувал возило со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час
-
Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
-
Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци, 172 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Завршни зборови на судењето за убиството на Вања и Панче
-
Мерко ослободен за набавката на аудито