Милошоски: Како држава кон ветувањата подобро е да сме претпазливи отколку повторно разочарани
Како држава кон ветувањата подобро е да сме претпазливи отколку повторно разочарани, ова го напиша на Фејсбук пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
„За да се процени кредибилноста на изјавата на германскиот канцелар Шолц, дека "нема да има нови услови од Бугарија" освен нивното наметнато барање за измена на Уставот, корисно е да се потсетиме на изјавите на претходната канцеларка Меркел од 2018 и 2020 година, кога исто така од владата во Берлин беа дадени озбилни ветувања за интеграцијата во ЕУ, од кои до денес ниту едно не е исполнето, и покрај болните и изнудени измени на Уставот на Република Македонија. Затоа, како држава кон ветувањата од ЕУ, подобро е да сме претпазливи, отколку повторно разочарани“, напиша Милошоски на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани