Милошоски: Дискриминирање на југоистокот на Македонија од страна на власта треба да прекине
„Би сакал да испратам една порака од тука од општина Василево, постои едно огромно разочарување за дискриминирачкиот однос кој што оваа Влада на Груби и Ковачевски го има кон помалите општини, особено кон Василево, Босилово, Ново село, Конче, Радовиш и другите во југоисточниот регион на Македонија. Затоа што од Владата секогаш се даваат средства за општините Арачиново и Липково, општини кои што имаат многу мала наплата на данок на имот и други државни придонеси. А, општините во југотистокот на Македонија секогаш има висока реализација на даночните обврски кон државата, но од државата немаат помош“, истакна Антонијо Милошоски, пратени и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Милошоски додаде дека дискриминарањето на југоистокот на Македонија од страна на властатреба да прекине.
„И сметаме дека ваквиот начин на дискриминирање на југоистокот на Македонија треба да прекине и најдобрата можност граѓаните ја гледаат во изборите кои што ќе се случат. И оваа власт на Ковачевски и на Груби треба да биде казнета за да може следната влада рамноправно да ги третира сите граѓани и општини и да се развива државата на еден подобар начин“, заклучи Милошоски.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
-

Мицкоски без детали од разговорите за реконструкција на Владата
